Connect with us

Фудбал

Жоао Феликс на чекор до трансфер во ПСЖ

ПСЖ сака да ја зголеми својата конкуренција во нападот во зимскиот преоден рок и Жоао Феликс е именуван како следна трансфер цел на клубот. Најскапиот играч во историјата на Атлетико Мадрид и еден од најскапите трансфери на сите времиња нема да приговара на ваков трансфер. Ова го тврди „Ле Паризиен“, кој пишува дека желбите на парискиот клуб во текот на минатиот преоден рок биле Роберт Левандовски и Џанлука Скамакака. И двете останаа неисполнети. Левандовски потпиша за Барселона, а Скамака се пресели од Сасуоло во Вест Хем.

Жоао Феликс играше малку оваа сезона. Во последните осум првенствени натпревари тој нема одиграно повеќе од 30 минути на ниту еден од нив.

Тој одигра вкупно 17 натпревари оваа сезона, но во просек имаше околу 40 минути и постигна 3 гола.

Португалскиот репрезентативец има договор со Атлетико до летото 2026 година.