Фудбал
Жоао Феликс не брза со одлуката: „Ги исклучив друштвените мрежи за да не мора тоа да го слушам“
Неодамна поради целава ситуација се огласи и самиот Феликс кој кажа дека ги исклучи друштвените мрежи затоа што сака на мир да ја донесе својата одлука.
„Сега сум фокусиран на репрезентацијата. Ќе решава за својот живот по Лигата на нациите“, рече Феликс откако дебитираше за Португалија.
„Ги прекинав врските со друштвените мрежи пред неколку денови за да престанам да читам или да слушам некои работи, Сега тоа ми е на второ место, дури кога ќе ја завршам работата со Португалија, тогаш ќе донесам одлука за својата иднина“, додаде играчот на Бенфика.
Португалците во Феликс го гледаат следниот Кристијано Роналдо.