Connect with us

Фудбал

Жоао Мутињо договори трансфер во Премиершип

Португалскиот репрезентативец Жоао Мутињо од наредната сезона ќе настапува во англиската Премиер лига.

Како што наведуваат британските медиумите, 31-годишниот фудбалер од средниот ред договорил трансфер во Вулверхемптон, кој за него ќе плати само 5 милиони фунти.

Мутињо во новиот клуб ќе биде претставен денеска, а со тоа ќе ја продолжи португалската колонија во старо/новиот член на англиската елита. Менаџерот на Вулверхемптон е Португалец Нуно Еспирито Санто, а тука се и голманот Руи Патрицио, потоа Рубен Винагре, Рубен Невес, Иван Кавалеиро и Хелдер Коста.

Жоао Мутињо во својата кариера има настапувано за Портимоненсе, Спортин, Порто и Монако, а за репрезентацијата на Португалија одигра 113 натпревари, а пред него се само Луис Фиго со 127 настапи и Кристијано Роналдо со 157 настапи.

Одличниот Португалец со Вулверхемптон треба да потпише двогодишен договор, а еден од најзаслужните за овој трансфер е неговиот сонародник и менаџер Јорге Мендес.