Connect with us

Фудбал

Жозе „The Chosen One“ Мурињо не ги исполнува барањата и очекувањата на клубот

Челниците на Црвените Ѓаволи повеќе не сметаат на „The Chosen One“ Жозе Мурињо, по неговото доаѓање и големиот влог во трансфери, Мурињо не го исполнува очекуваното и од клубот и од навивачите.

Последната шампионска титула беше освоена во 2013 година, а изминатата сезона Јунајтед заврши на 6. позиција со 24 бода помалку од Челзи. Во актуелната сезона “црвените ѓаволи” се на втората позиција, но имаат 13 бода помалку од градскиот ривал Сити. Според последните информации кои пристигнуваат од “Олд Трафорд”, клупските челници се откажале од намерата да потпишат нов договор со Мурињо чиј актуелен завршува во 2019 година.

Британските медиуми додаваат дека Мурињо нема да биде во можност да стави крај на доминацијата на Манчестер Сити и затоа веќе се бара негов наследник. Во игра за менаџерската функција се Маурицио Покетино, Масимилиано Алегри, Јоаким Лев, Диего Симеоне и Карло Анчелоти.

Facebook