Connect with us

Фудбал

Жозе Мурињо цели на засилување во ПСЖ, воспоставени се контакти

Рома се активираше и на крајот од зимскиот преоден рок.

Португалецот на клупата на „Волчицата“ Жозе Мурињо во своите редови би сакал да го види својот сонародник Данило Переира, пренесува „RMS Sport“.

Истиот извор наведува дека Рома веќе испратила понуда до ПСЖ за овој одбранбен играч за врска и дека преговорите се започнати.

Трансферот на 30-годишниот во Рома секако би чинел, особено ако се има предвид дека неговиот договор истекува во 2025 година, а тој е важен играч во ротацијата за Маурицио Покетино, кој го искористи на 21 натпревар оваа сезона, а Португалецот оддолжи со два гола..

Играњето во Италија за Переира не е странско со оглед на тоа што тој беше член на Парма од јануари 2011 година до август 2013 година кога се пресели во Маритимо. За време на престојот во Парма играше како позајмен во Арис и Рода.

Како млад играше за Есторил и Бенфика, а од Маритимо се пресели во Порто во летото 2015 година. Во октомври 2020 година, Порто прво го испрати на позајмица во ПСЖ, а францускиот тим летово го откупи неговиот договор.

Переира го освои Купот и Суперкупот на Франција со ПСЖ, а како член на Порто двапати беше шампион на Португалија со еден трофеј во Купот на оваа земја.

За репрезентацијата на Португалија Переира одигра 55 натпревари и постигна два гола. Со Португалија го освои Европското првенство во 2016 година, а три години подоцна и Лигата на нации.