Connect with us

Фудбал

Жрард Ромеро открива: Јувентус вечерва јасно стави до знаење на Барселона кој го сака во замена за Пјаниќ

Во последните неколку недели се појавија многу шпекулации дека Миралем Пјаниќ ќе го напушти Јувентус и ќе ја засили Барселона.

Не е тајна дека Барселона сака да го доведе Пјаниќ во своите редови, но Јувентус не ги прифаќа понудите на Каталонците толку лесно. Барса сака да вклучи најмалку еден играч во трансферот за да не мора да издвојуваат пари.

Во Барселона, се подготвени тоа да бидат Иван Ракитиќ или Артуро Видал, но Јувентус не го интересира тоа. Јувентус е заинтересиран само за Артур Мело, но Бразилецот не сака да го напушти „Камп Ноу“.

Претходно денес беше напишано дека Барса и Јуве ќе најдат друго решение, но шпанскиот новинар Жерард Ромеро пишува дека „Старата дама“ има само еден услов да се случи трансферот.

Ромеро вечерва на Твитер објави дека Јувентус јасно им кажал на челниците на Барселона дека ќе се согласат на трансферот на Пјаниќ само во случај Артур Мело да дојде во спротивна насока.

Исто така, тие испратија јасна порака дека Барселона не треба да го нуди Ракитиќ или Видал, бидејќи тие едноставно не се заинтересирани за нив.