Connect with us

Фудбал

Зидан добива лоши вести пред дуелот со Севиља, го загуби лидерот на тимот

Реал Мадрид ќе игра против Севиља в сабота од 16 часот. За „Лос Бланкос“ тоа е многу важен натпревар, но тренерот Зинедин Зидан доби лоши вести пред предизвикот.

Капитенот има проблем со ногата и медицинскиот тим реши да не ризикува. Дефанзивецот може да биде повреден уште полошо ако добие уште еден удар. Тоа е голем недостаток за Реал на теренот, бидејќи Рамос покрај неговите фудбалски квалитети е многу важен како лидер на теренот.

Се очекува Варан да ја формира централната одбранбена двојка заедно со Милитао. Милитао не играше многу, но има златна шанса да докаже дека вреди и Зидан треба да му верува повеќе. Според „El Chiringuito“ Рамос на утрешниот натпревар нема да излезе на теренот, додека за ова нема официјални информации од клубот.