Connect with us

Фудбал

Зидан го прифаќа ризикот: Не знам дали ќе заминам!

Тренерот Зинедин Зидан се појави заедно со Серхио Рамос на прес-конференцијата пред мечот со Галатасарај. Тој е под притисок, бидејќи поразот од Мајорка остави горчлив вкус во главниот град на Шпанија.

“Мора да реагираме. Ја знаеме ситуацијата и ја започнавме ЛШ многу лошо. Утре треба да го покажеме спротивното и треба да го докажеме тоа”. 

“Не знам дали сум во опасност. Не ме прашувајте. Сакам да останам овде засекогаш. Ја знаете ситуацијата, прашајте некој друг”. 

На прашањето за слабата игра која ја покажуваа Азар, Куртоа и Винисиус, Зидан одговори:

“Тоа не е случај. Ние сме тим и не треба да обвинуваме никого. Јас имам одговорност за ситуацијата”.