Фудбал
Зидан има добра причина зошто Бејл повеќе не игра
Фудбалерите на Реал Мадрид испаднаа од Купот на кралот во четвртокот, откако во четвртфиналето загубија од Реал Сосиедад (3:4).
„Кралскиот“ клуб претрпе неочекуван пораз на својот терен, и така се збогува од годинашното издание на Купот на кралот. По овој натпревар, повторно се крена многу прашина поради повредата на Герет Бејл.
Велшанецот не го одигра овој натпревар и тоа беше четврти натпревар по ред на кој Зинедин Зидан не сметаше на него. Бејл реши да го напушти стадионот пред крајот на играта и замина дома.
Сепак, „Марка“ известува дека не е случајно што Бејл повторно бил на мета на Зидан. Наводно, Велшанецот започнал да „забушава“ на тренинзите и за тоа бил казнет од француски експерт.
Бејл не го дава својот максимум на тренинзите, а Зидан неколкупати го казни за тоа. Но, тој очигледно не го сфати сериозно и повторно го гледаше неговиот тим од клупата.