Фудбал
Зидан испишува историја во Мадрид, на еден чекор од победата над Мурињо
Зинедин Зидан има запишано 178 натпревари на клупата на Реал Мадрид, откако се соочи со ПСЖ, изедначувајќи се во оваа насока со Жозе Мурињо. Французинот на оваа позиција е веќе пет сезони, но во две различни наврати, додека Португалецот ги водеше „Кралевите“ три години. Мурињо пристигна на „Бернабеу“ во јуни 2010 година и замина после три години. Зидан пристигна во два наврати, како вонреден избори за да ја преземе клупата на Реал по разрешувањето на Рафа Бенитез (јануари 2016 година) и ворориот пат по разрешувањето на Сантијаго Солари (март годинава).
Зидан ќе го престигне Мурињо оваа сабота кога ќе го предводи Реал Мадрид по 179 пат. Во просек, Португалецот има подобар победнички процент од Французинот, 128 победи (72%) наспроти 119 победи (67%). Сепак, осврнувајќи се на титулите, Зидан се стекна со многу повеќе од Мурињо. Овој сооднос е 9-3 за сегашниот тренер на „Кралевите“. Три титули во Лигата на шампионите и титула во Ла Лига се највредните трофеи на Зидан против титулата во Ла Лига на Мурињо, освен Купот на кралот, трофеј што Французинот сè уште не го освоил.
Зидан ќе стане четвртиот тренер оваа сабота што ќе води клубот на најмногу натпревари во историјата на Реал Мадрид. Тој, исто така, ќе стигне до третото место на овој ранг на кое се наоѓа Лео Бенхакер, во Ел Класико на 18 декември, што ќе се игра на „Камп Ноу“. На тој ден, Французинот ќе се искачи на бројка од 183 натпревари на клупата на „Лос Бланкос“, слично како холандскиот тренер, кој исто така „владееше“ во две фази на Бернабеу: од 1986 до 1989 година и потоа 1992 година. Бенхакер освои шест титули: три Ла Лига и еден Кралски Куп, како најважни натпревари. Кога станува збор за титули, Зидан е вториот тренер што освои најмногу во Реал Мадрид по Мигел Муњоз.