Поврзи се со нас

Фудбал

Зидан: „Меси во Мадрид? Не сакам да зборувам за играч кој не е мој”

Меси во Мадрид со белиот дрес, можете да замислите такво нешто?

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека такво нешто се случило во 2013 година, откако Флорентино Перез, сакал да ја искористи вревата создадена во куќата на Барселона.

Сепак, такво нешто не се случи и со години, Реал Мадрид страдаше и страда од Меси.

Во секој случај, сè е демантирано од Зинедин Зидан.

„Не знам ништо за ова“, рече тој на прес-конференција пред утрешниот натпревар со Кадиз.

„Не можам да ти кажам ништо, нема да зборувам за играч кој не е мој. Знаеме кој е Меси, што направи и што прави. Но, тој не е мој играч, не можам да зборувам. Не знам ништо за прашањето “, изјави Зизу.

Advertisement