Connect with us

Фудбал

Зидан: Мојот тим не мора да прави чудо, пребродивме една лоша сезона

„Воопшто не мислам дека бркаме чудо, напротив, ние сме тука за да ја завршиме нашата работа и веруваме во она што го работиме. Во фудбалот нема чуда…

Секако дека знаеме дека како тим немавме многу пријатна и мирна година, но ја пребродивме, поминавме низ многу повреди. Ние сме конкурентни во мај и играме во две натпреварувања за да ги освоиме. Она што се случи, се случи, сега сме тука, се работи за еден натпревар. Слушам дека многу зборуваат дали сме уморни или повредени, тоа е нормално, но тоа е дел од фудбалот. Ќе дадеме сè од себе“, рече францускиот тренер.