Фудбал
Зидан му дава голема слобода на Модриќ: “Одлучи самиот …”
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ сам ќе одлучи дали ќе остане или ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ пристигна во Реал Мадрид уште во 2012 година и наскоро стана тимски мотор, играч кој, ако не е повреден, не е изоставен од составот.
Колку е ценет во мадридскиот клуб најдобро е илустрирано со информациите објавени од „Мундо Депортиво“, според кои Реал ќе му даде голема слобода, односно да избере за себе дали сака да остане или можеби сака да замине на крајот на тековната сезона,
„За тоа е заслужен тренерот Зидан, кој го цени Модриќ како играч и не сака да застане на неговиот пат да околу продолжувањето на соработката“, пишуваат Шпанците.
Договорот на Модриќ истекува на крајот на следната сезона, а во последните месеци се појавија гласини дека тој би можел да го засили Интер, како и одредени клубови во МЛС.
Потсетиме, тој досега има освоено многу трофеи со Реал, од кои најистакнати се четирите во Лигита на шампионите.