Фудбал
Зидан: Нема да ви кажам што се случи на полувремето во соблекувалната
Реал го совлада Атлетико во мадридското дерби и се зацврсти на првото место на табелата. Стрелец на победничкиот и единствениот гол беше Карим Бензема во 56-та минута.
На полувремето Зидан изврши двојна измена, од игра ги извади Крос и Иско, а ги внесе Винисијус и Васкез.
-Морав да менувам. Не бев задоволен од она што се случуваше на теренот во првото полувреме. Не сакам да го вперам прстот во никој, најмалку во Тони и Иско, тие се сјајни играчи. Но, промената беше неопходна. Не се виновни тие, туку јас, изјави Зидан по мечот, а притоа додавајќи:
-Среќен сум поради победата, но нема да кажам што се случувало на полувремето во соблекувалната, Моравме во вториот дел да направиме некои работи кои ги немаше во првиот дел и успеавме во тоа, изјави тренерот на Реал Мадрид.