Фудбал
Зидан низ смеа одговори зошто Лука Јовиќ остана на трибините против Барселона
Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 2:0 на домашен терен в недела и се вратија на врвот на Ла Лига.
Ел Класико не ни го понуди фудбалот кој сме навикнати да го гледаме изминативе десет години, но сигурно најважната работа за играчите и навивачите на Реал Мадрид е тоа што тие успеаја да победат против лутиот ривал.
Реал поведе во средината на второто полувреме со гол од Винисиус Јуниор, додека Маријано Дијаз стави точка на натпреварот. За Маријано ова беше неговото деби оваа сезона во Ла Лига затоа што Зидан го отпиша уште пред една година.
Но, на изненадување на сите, Маријано ја доби својата шанса и во првото поседување на топката постигна гол, па дури и плачеше. Зидан ги изненади сите со одлуката да го остави Лука Јовиќ на трибините и да му дадат шанса на Маријано, што се покажа како полн погодок.
Секако, по мечот шпанските медиуми се интересираа зошто Зидан го остави Јовиќ на трибините, а тој прво се смееше, а потоа одговори на прашањето.
„Бидејќи јас сум тренер и донесувам одлуки“, рече Зидан.