Поврзи се со нас

Фудбал

Зидан по тешкиот пораз: Јас сум виновен!

Реал синоќа беше поразен од Валенсија со 4:1.

Кралевите први поведоа, но потоа доживеаа вистински потоп. Интересно, Валенсија постигна дури три гола од 11 метри.

Реал го претрпе најтешкиот пораз оваа сезона, а вината ја презеде Зинедин Зидан.

„Нема оправдување за ова. По првиот гол се распаднавме. Не мислам дека Валенсија е тактички подобра, но јас сум виновен затоа што не најдов подобри решенија во играта“, рече Зидан.

Зидан долго време беше мета на критики, а неодамна се спаси од отказ со победата во Ел Класико.

Сега се чека нов кикс и веројатно крај на соработката.

loading...

Facebook