Connect with us

Фудбал

Зидан покрај поразот, остана и без Азар: Заеб*но е

Во 25. коло од Ла Лига, Реал Мадрид изненадувачки загуби од Леванте со 1:0, препуштајќи го првото место на Барселона.

За Реал ова е втор натпревар без победа, оставајќи ја Барса прва во Ла Лига.

Покрај неочекуваниот пораз, Зинедин Зидан остана без најдобриот играч. Набргу по враќањето, Еден Хазард повторно е повреден. Француски стручњак ја потврди неговата повреда.

„Тој доби удар во глуждот. Ќе видиме што ќе покажат тестовите, но не изгледа како што треба. Не успеавме во најважното нешто во фудбалот, а тоа е да постигнеме гол. Заеб*но, затоа што изгубивме пет поени за само една недела, но тоа е фудбалот“, рече Зидан и додаде:

„Не заслуживме пораз од Леванте. Започнавме најдобро, но тие ги искористија нивните удари, а ние не. Сега веќе не можеме да се вратиме на тоа“.