Фудбал
Зидан се простил со играчите, Реал Мадрид во потрага по тренер, има тројца кандидати, меѓу нив и легендата на „Кралевите“
Актуелниот тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан наводно по мечот со Севиља (2:2) им соопштил на играчите дека следната сезона нема да биде на клупата на овој тим. Сега, „Марка“ пишува дека раководството на клубот е во потрага на негов наследник.
Наводно има тројца кандидати. Прв е легендата на „Кралевите“ Раул Гоназелс кој го предводи вториот тим на Реал, кој се натпреварува во Секунда Б, трета по ранг лига. Во моментов Реал Кастилја игра плеј оф за пласман во Ла Лига 2 и има шанси да се врати во втората лига по пауза од девет години.
Останатите двајца кои се на листата на желби се Масимилиано Алегри и Јоаким Лев. Алегри е фотографиран во Торино, на ручек со претставници на Јувентус, па големи се шансите да се врати таму. Јоаким Лев по ЕП ќе биде слободен, односно нема да биде повеќе селектор на Германија, па се чини дека оваа опција е подостапна. Сепак, „Марка“ вели дека најреалната е Раул да го преземе кормилото на „Кралскиот тим“.