Connect with us

Фудбал

Зидан: Сите сакаат да имаме проблем со Бејл, но тука сме

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан инсистираше на тоа дека нема проблем со ѕвездата на тимот Герет Бејл, кој го замени нешто порано во победата од 4:1 над Осасуна во неделата попладне.

Велшкиот напаѓач првпат беше во стартниот состав од почетокот на јануари, но не успеа да изврши влијание врз играта.

После околу еден час игра Зидан го повлече од игра и провокативните прашања за Французинот не изостанаа по натпреварот.

„Тој е важен играч“, изјави Зидан за Бејл.

„Мислам дека, со оглед на тоа што не играше на последните неколку натпревари, тој имаше добри 65 минути во одбрана и во напад“, додаде тој.

„Проблемот е што сите сакаат да имаме проблем со Герет, но ние го немаме тоа“, инсистираше тој.

„Имаме многу играчи, не е лесно да се управува со нив, но на крајот тој е навистина важен играч и тој ќе игра како другите малку по малку“, заклучи тој.