Connect with us

Фудбал

Зидан во голема неволја пред пресметката со Аталанта

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе го одиграат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на гости против Аталанта на 24 февруари.

Кралскиот клуб не е во завидна форма во последно време, а Зинедин Зидан има огромни проблеми со повредени играчи.

Реал синоќа рутински го совлада Гетафе со 2:0 на домашен терен, но Зидан имаше нова главоболка по натпреварот против градскиот ривал.

Имено, во 66. минута Марсело мораше да го напушти теренот поради повреда на листот. Првите информации велат дека искусниот Бразилец ќе биде надвор од терените околу три недели и дека ќе го пропушти натпреварот против Аталанта.

Ова е голем хендикеп за Зидан бидејќи тој ќе остане речиси без целата дефанзивна линија. Пред Марсело, повредени беа и Серхио Рамос, Дани Карвахал, Едер Милитао и Лукас Васкез.