Connect with us

Фудбал

Зидан во Топ 3 на клупата на Реал Мадрид, повеќе од него имаат само Дел Боске и Муњоз

Зинедин Зидан стана третиот тренер кој мина 200 натпревари на клупата на Реал Мадрид. Денешната средба од 28. коло од шпанската Ла Лига против Еибар е негов јубилеј.

На претходните 199 натпревари, под водство на Зидан, Реал Мадрид победи 131 пати, 42 пати ремизира.

Повеќе од Зидан, Реал го предводеа само Висенте дел Боске (246) и Мигел Муњоз (605).