Connect with us

Фудбал

Зидан за можниот отказ и елиминацијата од ЛШ…

Реал Мадрид утре вечер игра против Менхенгладбах на домашен терен во последното коло од групната фаза од ЛШ. Со победа ќе обезбедат пласман во следната рунда, но доколку се случи Шахтјор да одигра реми против Интер или победи, тогаш Реал Мадрид ќе игра во Лига Европа.

Токму за ова попладнево зборуваше тренерот Зинедин Зидан на прес конференцијата. Многу се шпекулираше за неговата иднина во изминатиот период, а наводно Менхенгладбах и Севиља во минатото коло во Ла Лига беа неговите последни шанси за да ја задржи позицијата. Една победа обезбеди, останува уште втората, онаа на утрешниот меч против германскиот тим.

-Во моментов размислувам само за утрешниот меч, не мислам сега за потенцијалниот отказ. Минатото е минато, најважна е сегашноста и иднината. Тоа е меч на кој тимот покажува карактер. Убеден сум дека на крајот ќе направиме добра работа, изјави Зидан и додава:

-Не размислувам за Европа лигата, не мислам на ништо друго освен на мечот со Борусија Менхенгладбах. Играчите исто така, вели Французинот.