Connect with us

Фудбал

Зидан: Знаевме дека Елче не прима многу голови, моравме да бидеме трпеливи

Карим Бензема денеска беше таличен за „кралевите“, овој фудбалер изрежира пресврт на натпреварот против Елче.

„Знаевме дека Елче не прима многу голови. Се брани со две линии дефанзивци. Моравме да бидеме трпеливи, со оглед на резултатот. Тоа беа два убави гола на Карим. Претходно не искористивме неколку шанси и не го казнивме противникот. Знаеме за што играме. Не смееме да си дозволиме многу испуштени бодови. Освоивме три бода и одиме напред. Остануваат уште 12 меча на кои ќе продолжиме со нашата работа. Остануваме во конкуренција во две натпреварувања и ќе се бориме до крај“, рече францускиот стратег.