Connect with us

Други спортови

Зимски младински Олимписки Игри, ова се македонските претставници

Во периодот 9-22 Јануари 2020 година, во Лозана, Швајцарија ќе се одржат третите Зимски младински Олимписки игри на кои ќе учествуват и младите македонски спортисти Мирко Лазарески (алпско скијање), Анамарија Зафировска (Биатлон), Дарко Крстески (Биатлон), Михаела Даноска (крос-кантри) и Андонаки Костоски (крос кантри).

Тие водени од своите тренери Борче Јованоски и Антонио Ристевски ќе дадат се од себе на оваа младинска олимпијада достојно да ја претстават нашата држава и да докажат дека се светла иднина на македонскиот спорт.