Connect with us

Фудбал

Златан проговори за останување во Милано

Пред само неколку дена, Златан Ибрахимовиќ навести дека нема да остане во Милано, но сега се чини дека може да се премисли.

Неговиот договор истекува на крајот на првенството, а напаѓачот очигледно не е задоволен од раководството и начинот на управување со клубот.

Вчера, пак, Швеѓанецот беше награден по повод неговиот натпревар бр.100 за Милан, по што го изјави следново: „Се надевам дека ќе одиграм уште многу натпревари за Милан“.

Во неговата досегашна кариера, 38-годишниот Ибра има повеќе од 100 натпревари за Ајакс, Интер и Пари Сен Жермен. Ако тој вечерва излезе против Болоња, ќе го додаде Милан во оваа група.