Фудбал
Златан во свој стил: Да играм со Меси би му дал да шутира пенали, ама секој – четврти!
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ имаше интересно интервју. Последно е она што го објави УЕФА, во кое популарниот Ибра зборува за неговата физичка подготовка на 39-годишна возраст, но и за тоа дали би му дозволил на Лионел Меси да ги изведува пеналите доколку одново се најдат во ист тим.
„Јас сугурно. 100%, затоа што јас би бил капитен на овој тим и сам би решил кој ќе се приближи до балата точка. Сигурно првите три пенали ќе ги шутирам јас, па потоа ќе му дадам еден и нему. Потоа следните три јас, па пак, еден за него“, вели Ибра.
Златан и Меси кратко беа колеги во Барса и сега вели дека не би му дал да шутира пенали.
„Кој би шутирал пенали? Па сигурно јас. Јас сум капитен на тимот и јас кажувам кој ќе изведува пенали. Ќе шутирам три, а потоа ќе му оставам еден. Па потоа, јас следните три“, одговори во свој стил Швеѓанецот.
Ибрахимовиќ ќе потсетиме игра фантастична сезона и во 10 натпревари постигна 11 голови и забележа две асистенции.