Connect with us

Други спортови

Златен медал за Дејан Недев на ЕП во Катовице во карате

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев го освои златниот медал во кати на Европското првенство во карате во сениорска конкуренција, чиј домаќин беше полскиот град Катовице.

Недев дојде до златното одличје во жестока конкуренција од 28 натпреварувачи од најсилните европски карате земји.

За Недев ова е седма европска титула во неговата трофејна кариера.

Претходно Камелија Недев освои сребрен медал во категоријата кати за деца 8-9 години на Европскиот куп во Катовице, Полска.

Македонската каратистка во финалето загуби од Наоми Роха од Израел.

На ЕК учествуваат 28 земји со над 500 натпреварувачи.