Connect with us

Други спортови

Златото во нордиска комбинација оди во Норвешка, за изненадувањето се погрижија Јапонеците

Се ближи крајот на Зимските олимписки игри во Пекинг, а денеска имаше и возбудувања.

Златото во нордиска комбинација во екипна конкуренција и припадна на Норвешка, која денеска беше супериорна и до златото стигна со време 59:45,1.

Германија до сребрениот медал стигна со време 51:40,0, но пред се благодарение на Винченцо Гајгер, кој надополни 33 секунди во последната измена, која претходно ја направи Ерик Френзел.

Изненадувачки, Јапонците стигнаа до бронзениот медал со време 51:40,3 и така ја оставија Австрија без медал, а Австријците беа во водство по ски скоковите, но лошото трчање ги чинеше медали.

Норвешка на тој начин стигна до 29. медал и вкупно 14. златен медал во Пекинг и веројатно ќе биде најуспешната нација на овие игри. Првиот вицешампион Германија има 22 медали, од кои десет златни.