Connect with us

Фудбал

Зошто Диего Симеоне се радува на елиминацијата на Јувентус и Роналдо?!

Кристијано Роналдо постигна два гола против Лион во победата од 2:1, но за пласман во четвртфиналето им беше потребен уште еден погодок. Шпанските медиуми пишуваат дека оваа елиминација особено го израдувала тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне, чиј тим веќе се наоѓа во четвртфиналето.

Имено, популарниот Чоло и неговиот Атлетико Мадрид во четвртфиналната фаза од ЛШ губеле само од тимови за кои играл Кристијано Роналдо, значи Реал Мадрид и Јувентус.

Никогаш кога играле против друг тим, Атлетико Мадрид не загубил во оваа фаза. Интересен податок во секој случај.