Connect with us

Фудбал

Зошто Халанд сè уште не е претставен во Манчестер Сити?

Манчестер Сити одамна постигна договор со Борусија Дортмунд околу трансферот на Ерлинг Халанд.

Во петокот се навршува еден месец од објавувањето на трансферот, но Халанд се уште не е официјално претставен во својот нов тим.

Но, трансферот дефинитивно е на повидок, бидејќи Норвежанецот веќе се прости од соиграчите од Дортмунд.

Според печатот од Манчестер, постојат две главни причини зошто Халанд се уште официјално не е претставен во дресот на Манчестер Сити.

Пред се, Англичаните ќе ги префрлат парите за напаѓачот дури на 1 јули, датумот кога всушност ќе се случи трансферот. Во моментов меѓу двата клуба има само договор за негова подоцнежна реализација.

Друга причина е тоа што Халанд се уште не избрал број.

Според изворот, Норвежанецот и неговите агенти чекаат да одлучат за иднината на Габриел Жесус, бразилскиот офанзивец кој моментално го носи бројот 9, кој Халанд повеќе би сакал да го носи.

Да потсетиме, Халанд моментално е со норвешката репрезентација, која како и другите европски селекции во јуни ќе игра во Лигата на нации.

Одличниот напаѓач и донесе победа на својот тим против Србија (0:1), и со два гола против Норвешка (2:1). Вечерва ја пречекуваат Словенија, а за три дена Шведска.