Connect with us

Фудбал

Зошто Јунајтед го врати Погба?!

Поранешниот менаџер на Лестер, КПР, Блекпул, Милвол и Кристал Палас, Иан Халовеј, е последниот стручњак кој удри со “дрва и камења”, по најскапата аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

  • Погба е себичњак. Не познавам многу такви фудбалери. Дечко, ајде барем некогаш завршија ја својата работа! Беше катастрофален и во финалниот натпревар од СП во Русија. И тогаш беше себичен, но за среќа, покрај себе го имаше Н’Голо Канте. Ако направиме споредба на нив двајца, Канте беше најдобар фудбалер на СП 2018. Нема шанси да биде стартер во мојот тим. Никогаш! Неговата игра не одговара на играта која треба да ја покаже фудбалерот на таа позиција. Грем Сунес беше добар играч за врска, тоа не е Погба. Така јас мислам, изјави Халовеј.

Искусниот стручњак е убеден дека Јунајтед за џабе ја има потрошено астрономската парична сума со која е обезбеден кам-бекот на Погба на “Олд Трафорд”.

  • Пол за себе мисли дека е фантастичен играч. Имаше среќа што има играно за добри тимови. Сер Алекс Фергусон не греши кога е во прашање карактерот на играчот. Затоа не можам да сфатам зошто Јунајтед го врати во Манчестер. Не можам да сфатам. Голема грешка, додаде Халовеј.