Фудбал
Зошто Лукаку е на клупа, па затоа што има 103 килограми, ставен е на диета, но се чини дека скришно јаде скара, слатки…
Ромелу Лукаку (29) се врати во Интер од Челзи на позајмица вредна 8.000.000 евра во јуни минатата година, иако лондонскиот клуб го плати на нероазурите за огромни 113.000.000 евра. Меѓутоа, од неговото враќање во градот Милано, Лукаку не може да се врати во стартниот тим, бидејќи Един Џеко има предност.
Пред почетокот на натпреварот помеѓу Интер и Порто, директорот на италијанскиот клуб Бепе Марота се одгласи за одлуката Лукаку да го започне натпреварот од клупата за резерви.
– Зошто Лукаку е на клупата? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен. Играчот во стартниот состав мора да биде 100% подготвен, го чекаме да се врати во форма – изјави Марота и додаде дека ова не е единствената причина за ваквата одлука на тренерот Симоне Инзаги:
– Покрај тоа, имаше страшна сезона во која играше и на Светското првенство. Од неговото враќање не му го даде на Интер тоа што може да му го даде, но убедени сме дека ќе се доведе во ред и ќе биде важен за нас на крајот од сезоната.
Од почетокот на сезоната Ромелу Лукаку има вишок килограми. Луѓето од клубот веднаш решија да го стават на диета. Му направија специјална диета. Белгиецот без прашање прифатил, но изгледа дека скришум јаде скара, слатки и слично, кои му се забранети, бидејќи килограмите никако да паднат.
– Лукаку може да јаде салати, риба, пилешко, ширатаки тестенини, њоки. Она што не смее да го користи во исхраната се компири, пржена храна, моцарела, засладени пијалоци и алкохол – открија од клубот, а пренесоа италијанските медиуми.
За да се пресели во Интер, Ромелу Лукаку се согласи на намалување на платата за 30 проценти. Тоа беше сериозна отстапка од негова страна, ако се знае дека во Челзи имаше загарантиран приход од 12.000.000 евра годишно, без бонуси, со кои платата оди и до 15.000.000 евра. Во Интер според информациите има 8 милиони евра годишно.