Фудбал
„Зошто Модриќ е најдобар? Затоа што играше со мене“
Лука Модриќ, со Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, се номинирани за најдобар играч во Европа за 2018. година по изборот на УЕФА.
Накогашниот соиграч на Модриќ од Тотенхем Рафаел Ван дер Варт смета дека Лука Модеоќ е најдобар на светот, а во шала истакна зошто е тоа така- затоа што играше со него.
„Кога некој ќе ме праша за Бејл и Модриќ, јас им кажувам дека станаа најдобри затоа што играа со мене“ се пошегува Ван дер Варт во интервју за „Football.ua“, присетувајчи се на деновите кога ја делел соблекувалната со двајцата фудбалери во период од 2010. до 2012. година.
„Искрено, тогаш не можеше да се почувствува дека тие двајца ќе станат големи ѕвезди. Но тоа не ме чуди. Видов дека се работи за фудбалери од светска класа. Тоа беа и тогаш, а потоа направиа дополнителен напредок и двајцата се во топ 5 во светот“.