Connect with us

Фудбал

Зошто му требаше ова? Напаѓачот на Брентфорд извикува „е*и го Брентфорд“ во видео со девојка

Напаѓачот на англиски Брентфорд, Иван Тони е под истрага откако направи голем инцидент.

Имено, тој направи видео кое стана вирално на социјалните мрежи, но на навивачите на Брентфоед нема да им се допадне, клубот во кој го заработува својот фудбалски леб.

Напаѓачот вреден 30 милиони фунти моментално е во Дубаи со соиграчот Брајан Мбеум за време на кратка пауза во Премиер лигата.

Тони се појавува без маица во видеото на Snapchat заедно со девојката која прво извикува „е*и го Брентфорд“ во камерата.

Камерата потоа се свртува кон Тони, каде што тој крева два прста пред да ја повтори навредата.

Жената потоа кажува уште еднаш пред да се насмее и го завршува видеото но овој дел не се гледа на видеото што ви го прикажуваме.

Дефинитивно не е јасен и нормален потег на 25-годишниот играч, кој постигна седум гола и додаде три асистенции на 24 натпревари за Брентфорд оваа сезона.

Иван Тони е Англичанец од Јамајканско потекло. Целата кариера ја помина во Англија. Кариерата ја започна во родниот Нортемптон, а во 2015 година беше доведен во Њукасл.

„Страчки“ го испратија на многу заеми, пред да го продадат на Питерборо во 2018 година. Неговиот пат да игра со најдобрите започнува во летото 2020 година, кога беше купен од Брентфорд за нешто повеќе од пет милиони евра.

Така, можеме да кажеме дека Брентфорд е клубот кој го афирмираше како познат фудбалер, па овој потег е уште поизненаден.