Connect with us

Тајмаут

Зошто објавите на Роналдо и Фиго во чест на Брајант предизвикаа дебата?

Двајца португалци, Кристијано Роналдо и Луис Фиго, се меѓу многуте фудбалери и познати личности кои оддадоа почит на трагично загинатиот Коби Брајант.

После хеликоптерската несреќа, Коби почина, оставајќи тага низ целиот свет. Роналдо и Фиго исто така се збогуваа на социјалните медиуми.

Но, нивните објави се во центарот на вниманието затоа што буквално се исти. Многумина сметаат дека или копирале, еден од друг, или едноставно имаат иста агенција за да ги одржуваат своите профили на социјалните мрежи?

Но небитно е сега кога некој копирал, нивната намера е најважна, а тоа е да оддадат почит на поранешната sвезда на Лос Анџелес Лејкерс.