Други спортови
Зверев го надигра Ѓоковиќ за историска титула во Лондон!
Младиот гермаски тенисер Александар Зверев е победник на завршниот турнир кој се одржа во Лондон. Тој направи изненадување и во два сета го совлада големиот фаворит за титулата Србинот Новак Ѓоковиќ со 6-4, 6-3, кој во пресрет на финалето немаше загубено ниту еден сет.

Тој го наследи Григор Димитров, кој минатата година ја надигра конкуренцијата во „О2 Арена“.