Connect with us

Други спортови

Зверев имаше тежок натпревар во првото коло

Еден од фаворитите на овогодинешниот Австралија опен и трет носител Александар Зверев се мачеше во првото коло.

Иако конечниот резултат 3:0 вели дека тоа беше рутинска победа против Даниел Алтмаер, тоа не беше случај.

Алтмаер го мачеше својот сонародник од Германија во првиот и вториот сет.

 

Првиот сет отиде во тај брејк во кој подобро се снајде Зверев и победи со 7:3.

Во вториот сет Зверев побрза и го доби сетот со 6:1, а потоа се чинеше дека тоа е последниот удар за Алтмаер, но многу борбениот Алтмаер не се предаде ниту во третиот сет.

 

Се бореше до крајот, а Зверев го доби третиот сет и по тај брејкот овојпат со 7:1.

 

Натпреварот траеше два часа и 41 минута и сигурно дека Зверев очекуваше полесна работа во првото коло, но мораше да се помачи на стартот.