Connect with us

Други спортови

Зверев полуде, па го исфрлија од АТП турнирот (ВИДЕО)

Александар Зверев е исфрлен од АТП турнирот во Акапулко, Мексико. Имено, тој практично полуде. Поради незадоволство од одредени судиски одлуки, тој цело време протестираше, а на крајот, по поразот со рекетот удираше по столот на судијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, организаторите одлучија да го дисквалификуваат Германецот.

Третиот тенисер на светот во сингл конкуренцијата требаше да настапи во осминафиналето против својот сонародник Питер Гојовчик.