Поврзи се со нас

Други спортови

Зверев премногу грешеше, Медведев лесно до прв триумф на турнирот во Лондон!

Данил Медведев го надигра Александер Зверев (6-3, 6-4) и стартуваше со победа на завршниот турнир во Лондон. Данил Медведев го започна мечот со Александер Зверев со загубен сервис, но успеа да го надигра својот ривал и стартуваше со победа на завршниот Мастерс во Лондон (2:0).

Вториот сет донесе поголема борба. Резултатот беше 3-3 кога Медведев се одлепи и направи клучна разлика. Успеа да искористи една брејк шанса и потоа одигра сигурно на свој сервис за конечна победа.

Рускиот тенисер во следното коло ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ, кој во првото коло немаше проблеми со Диего Шварцман. Зверев, пак, ќе игра за прв триумф против Аргентинецот.

loading...

Facebook