Други спортови
Зверев тешко оди, ќе паузира до крајот на годината
Александар Зверев нема да игра за Германија на натпреварите од Дејвис купот во Хамбург бидејќи се уште има големи болки и најверојатно ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Германецот беше надвор од теренот откако ги скина лигаментите на зглобот на неговиот меч против Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос во јуни. Тој го напушти теренот во инвалидска количка, а потоа беше опериран. Надежите за брз кам-бек се зголемија кога 25-годишниот Зверев беше именуван во тимот на Дејвис купот на Германија, но тој вели дека брзото враќање е невозможно.
Можеби малку претерав и сега ме боли многу“, изјави Зверев.
„Дури и кога пешачам не се чувствувам најдобро. Морам да бидам внимателен бидејќи има течност во зглобот и постои ризик од скршеница“, додаде тој.
Ќе ми требаат многу недели, веројатно месеци, пред да можам повторно да се натпреварувам“, рече Зверев.