Connect with us

Кошарка

Звезда го сруши Реал во Мадрид

Published

on

Кошаркарите на Црвена Звезда одиграа одличен натпревар во Мадрид и го совладаа Реал во 19. коло од Евролигата со 79:77.

Реал, секако, влезе во мечот како фаворит, но одличните гости од Белград стигнаа до седмата победа, и му го нанесоа седмиот пораз на својот противник оваа сезона во Евролигата.

Звезда подобро го отвори мечот, а првата четвртина ја доби со 23:21. Иако Реал успеа да направи пресврт во второто четвртина, сепак Звезда замина на одмор со плус пет (45:40).

Звезда постојано беше во водство во второто полувреме, тие имаа и 12 поени предност на почетокот на последната четвртина, но на крајот се плашеа. Реал имаше удар за победа, но кралевите не успеаја да го искористат, па мораа да им честитаат на гостите.

Валден ја предводеше Звезда до победата со 18 поени, додека Добриќ додаде 13. Кај Реал, Руди Фернандез беше најефикасен со 11 поени, а пред крајот на мечот се повреди.

Advertisement

Facebook