Фудбал
Ѕвезда на Баерн Минхен се потсмева на Мегваер и Јунајтед: Замисли, ти си Роналдо, а тој ти е капитен!
Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис (21) ја коментираше моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед, велејќи дека не е логично играч како Хари Мегваер да биде капитен на еден од најдобрите на сите времиња, Кристијано Роналдо. Споменатиот Канаѓанец во живо ја играше играта на ФИФА 22 и за време на преносот го коментираше Хари Мегваер, а јасно кажа дека Кристијано Роналдо според него треба да биде капитен на „црвените ѓаволи“.
„Ти си Роналдо. Еден од најдобрите играчи на сите времиња. А кој е твојот капитен? Хари Мегваер е твојот капитен. Ти кажи му, капитене?“, рече Дејвис.
„Не знам како зборуваат и воопшто не ми се допаѓа Мегваер, но… Роналдо треба да биде капитен“.
Да потсетиме, Мегваер порасна во младинските школи на Барнсли и Шефилд Јунајтед за кои дебитираше во професионалниот фудбал.
Подоцна играше за Хал, Виган и Лестер, од каде пристигна во Јунајтед за цели 87 милиони евра. За репрезентацијата на Англија дебитираше во 2017 година и оттогаш одигра 42 натпревари за националниот тим и постигна шест гола.
“Imagine being Ronaldo and Harry Maguire is your captain”
Alphonso Davies🤣🤣🤣
— Theo (@Thogden) April 8, 2022