Фудбал
Звезда во полуфиналето на Купот на Србија
Фудбалерите на Црвена звезда се пласираа во полуфиналето од Купот на Србија така што ја совладаа Инџија со 2:1.
Од самиот почеток, Звезда создаде притисок врз голот на домашната екипа, но не создаде вистинска шанса, сè до 35-та минута, кога Мирко Ивановиќ по уфрлувањето на Бен погоди за 1:0.
Само три минути подоцна, Иваниќ центрираше, а овој пат Бен ја испрати топката со глава во мрежата на Иџија за 2:0, а Јовановиќ го постигна утешниот погодок за домашната екипа на три минути пред крајот.
Томан можеше да го реши натпреварот во судиското надополнување, но ја погоди стативата од одлична ситуација, но на крајот, Звезда сепак отиде во полуфиналето од Купот на Србија.
Потсетуваме дека Црвена звезда неодамна ја обезбеди титулата српски шампион, на три кола пред крајот.