Фудбал
Ѕвездата на Ајакс пропушти две пријателски средби за да го заврши трансферот во Манчестер Јунајтед
Ѕвездата на холандскиот тим Ајакс, Дони Ван де Бек им открил на своите соиграчи дека се сели на „Олд Трафорд“. Тој ги пропушти двете пријателски средби против Унион Берлин и Ајнстрахт Франфурт, за да ги заврши деталите во преговорите.
Ова го потврди и тренерот на Ајакс, кој сепак не го спомна клубот. Но, тоа ќе биде Манчестер Јунајтед според сите холандски медиуми. За Ван де Бек интерес имаше од Реал Мадрид, Барселона, но и Баерн Минхен.