Фудбал
Ѕвездата на Англија го напушти собирот и замина во казино!
Англија неодамна претрпе горчлив пораз од Чешка со 2:1. Како да не беше доволно тоа, избувна вистински скандал, а Џејмс Медисон беше во центарот на вниманието.
Ѕвездата на Лестер го напушти собирот затоа што бил болен, но беше фотографирана во едно од казината во Лестер. Ова е сериозен скандал за Медисон, кој ризикува премногу.

Во Англија ваквите акции се неподносливи, бидејќи се смета за непочитување на националниот дрес. Англиската федерација сè уште не одговорила на ова прашање, а според медиумите на островот, се очекува да изрече примерна казна за играчот од средниот ред.