Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Барселона се маскираше и залепи постери низ Барселона со посебна посветеност во „ситните“ часови

Дани Алвеш повторно се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност, но не поради игрите на фудбалскиот терен.

Бразилецот не играше премногу во дресот на Барселона во последниот месец, а имаше и малку повеќе време за некои приватни обврски.

Откако пред неколку дена се дружеше со Паол Дибала во Барселона, овој пат Алвеш се најде во центарот на вниманието поради неговата соработка со ЕА Спортс поврзана со играта ФИФА 22.

Имено, Алвеш ги изненади сите со своите објави на Инстаграм бидејќи покажа дека синоќа шетал по улиците на Барселона и залепил постери поврзани со ФИФА 22.

Тој ќе има пренос во живо како игра ФИФА 22 и ќе се дружи на интернет со фановите, а тоа го најави со постери кои сам ги залепил во ситните часови на Барселона. Алвеш се маскирал за никој да не го препознае и сето тоа го објавил на Инстаграм.

Исто така, тој одлучи да ги потпише сите тие постери и да напише дека навистина е тој, а секој што ќе го земе овој постер на крајот ќе има автограм и одлично сеќавање.

 

Реклама

Facebook