Connect with us

Тајмаут

Ѕвездата на Манчестер Сити исфрленa од дома од неговата сопруга по серијата секс скандали

Искусниот фудбалер на Манчестер Сити и англискиот репрезентативец Кајл Вокер (33) заврши на улица откако сопругата Ени Килнер (31) го исфрли од станот. Како што пренесуваат медиумите од островот, Ени побарала развод и од Кајл по бројните секс скандали во кои се најде овој фудбалер последните години.

Вокер веќе се исели од нивната луксузна вила вредна три милиони евра, а на социјалните мрежи се огласи и Ени. „За жал, после долга врска и брак и три деца, решив дека е време да се разделам од Кајл. Не сакам повеќе да коментирам, ве молам дајте ми приватност за себе и за децата во овој тежок момент“, напишала Ени. . Вокер претходно беше познат по своите различни „пала“, а во 2019 година, Ени исто така реши да го избрка од дома поради врската со Лора Браун, ѕвездата на реалното шоу „Ex on The Beach“.

Подоцна, дефанзивецот на Граѓанин стана татко и со инфлуенсерката Лорин Гудман, а во станот донесе и две ескорт дами со кои наводно организирал оргии. Ени долго време го трпеше, но сега очигледно го изгуби трпението. Вокер е член на Манчестер Сити од 2017 година, кога беше реализиран неговиот трансфер од Тотенхем, а дресот на „граѓаните“ го облече 280 пати, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.