Фудбал
Ѕвездата на Сити доби седум килограми? „Не го признав, мислев дека е возач на автобус“
Клубовите од Премиер лигата започнаа со тренинзи во помали групи, и се надеваат дека ќе ја продолжат суспендираната сезона.
Европскиот фудбал, во голема мерка е стопиран веќе два месеци, што остави свој белег на физичката подготвеност на играчите.
Дури и најголемите sвезди не се имуни на „здебелувањето“ во карантин, а се чини дека крилниот играч на Манчестер Сити, Лерој Сане имал големи проблеми со одржувањето на телесната тежина.
Сане извесно време беше надвор од теренот поради повреда, а карантинот само ја влоши ситуацијата.
Неговиот соиграч, младиот Зинченко, откри дека тој дури и не го препознал кога го видел во клупскиот камп. Уште повеќе, тој сметаше дека Сане е возач на автобусот.
„Кога излегов од собата, го видов, но воопшто не го препознав. Мислев дека тој е возач на нашиот автобус“, рече Украинецот.
Зинченко исто така рече дека смета дека Сане има проблеми со прекумерна телесна тежина, и дека Германецот „качил“ дури седум килограми.