Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Тотенхем има 28 години, живее со родителите, ќе се жени кога ќе заврши со кариерата

Тој е точно таков каков што е прикажан на социјалните мрежи, вели Џонатан Вил, кој го „покрива“ Тотенхем во здружението за печат. „HereComeTheSon“, на овој начин Спарси го претставија јужнокорејскиот фудбалер во 2015-та година. Тогаш 23-годишниот Сон стигна од Леверкузен, а претходно играше за академијата на Хамбургер.

Трансферот вреден 22 милиони фунти го направи најскапиот јужнокорејски фудбалер, но неговиот живот не се променил премногу. Остана приземјен, а доказ за тоа е дека и денеска, со 28 години и неколку милиони фунти на сметка, се уште живее со своите родители, во трособен стан.

Како што вели тој во разговор за „Гардиан“, го послушал советот на неговиот татко, кој исто така е фудбалски тренер, но во помали категории, на брак ќе се одлучи кога ќе заврши со кариерата.

-Постојат различни ставови во Европа и Азија. Се разбира, луѓето мислат, зошто живее со родителите Но, на кого му е гајле за тоа освен на мене. Кој ми помага во играњето фудбал? Па, тие. Тие се откажаа од сопствениот живот, се преселиле тука и ми помогнаа. Морам да им ги вратам парите, вели Сон.

loading...

Сон во 2018-та година го освои првенството на Азија со Јужна Кореја, а две години подоцна, што значи оваа година, го отслужи воениот рок кој е задолжителен. Остана доследен на својата филозофија, не сака да се менува и за она што го постигнал благодарен е секој ден.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com