Connect with us

Други спортови

Ѕвездата на УФЦ тврди дека видел НЛО: Гледаше право во мене…

Ветеранот на УФЦ и апсолутна спортска легенда во ММА, Диего Санчез привлече големо внимание објавувајќи на Твитер.

Легендарниот 38-годишен борец тврди дека имал средба со НЛО и објавил на Твитер што се случува.

 
“Отворен е портал на силна светлосна енергија. Ако некогаш имало ноќ да се поврзе со универзумот, ова е таа ноќ. Јас славам и се поврзувам цел ден”, напиша Санчез на Твитер, а потоа додаде:

“Бев на тремот и работев на енергија кога НЛО прелета покрај мене. Ја повикав ќерка ми да дојде и заедно ја гледавме како лета неколку стотици јарди од нас. Настани како овој во Албукерки се вообичаени, но ова беше контакт вечерва. Гледаше право во мене “, рече Санчез.